24фудбал

Тоти: Во недела за последен пат ќе го носам дресот на Рома

Капитенот на Рома, Франческо Тоти потврди дека во недела ќе го одигра својот последен натпревар за „римската волчица“, веројатно ќе продолжи да игра фудбал на друго место, но не даде многу информации за неговата иднина.

Италија

На Олимпико против Џенова, Тоти ќе го има својот последен натпревар за Рома.

„Рома - Џенова ќе биде мојот последен натпревар на кој ќе го носам дресот на Рома. Невозможно е во неколку зборови да објаснам што значат овие бои значеле, значат и ќе значат за мене“ - вели Тоти.

„Едноставно чувствувам дека мојата љубов кон фудбалот не поминала, тоа е пасија, моја пасија. Таа е толку длабоко што не можам ниту да замислам да престанам да ја хранам. Никогаш“.

„Од понеделник подготвен сум да заминам, подготвен сум занов предизвик“.