24фудбал

Мхитаријан немаше да му даде гол на Ајакс да не беше Ерера (ВИДЕО)

Сите аплаузи за Хенрих Мхитарјан кои ги доби за вториот гол против Ајакс се заслужени, но тоа немаше да се случи да не беше Андер Ерера, момент кој речиси никој не го забележа.

Лига Европа

Мхитарјан убаво се снајде пред голот на Ајакс и постигна погодок кој значеше крај за надежите на холандскиот тим давајќи му два гола предност на Манчестер јунајтед.

Но, заслугите треба да одат и кон еден друг фудбалер, Андер Ерера кој имаше фантастична сезона и со својата пожртвуваност и авторитет на теренот се наметнува како можно решение за капитен на тимот.

Што се случи? При изведувањето на корнерот, Мхитаријан излегуваше од шеснаесетникот, кога тоа го забележа Ерера, му рече да се врати внатре, Ерменецот го направи тоа, се најде на вистинското место и постигна гол.