24фудбал

Официјално: Манџукиќ во Јувентус до 2020 година

Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ потпиша нов договор со Јувентус според кој ќе го носи дресот на италијанскиот шампион до јуни 2020 година.

Италија

Манџукиќ со одличните игри оваа сезона се избори за нов договор со Јувентус, Хрватот ја продолжи соработката до 2020 година.

„Јувентус со задоволство може да соопшти дека Марио Манџукиќ го продолжи договорот до 30 јуни 2020 година“ - стои во соопштението на Јувентус.

Во 31 натпревар за Јувентус оваа сезона, Манџукиќ постигна 11 голови, имаше и осум асистенции.