24фудбал

Ерера е подготвен да ја одбие Барселона

Шпанските и англиските медиуми пишуваат дека Барселона ќе се обиде да го ангажира Андер Ерера од Манчестер јунајтед но тој ќе го одбие каталонскиот клуб, сака да остане на Олд Трафорд.

Шпанија

Ерера оваа сезона се промовира во еден од клучните играчи на Жозе Мурињо, станува незаменлива алка во составот на Манчестер јунајтед.

Пред да се пресели на Олд Трафорд, Ерера играше за Атлетик Билбао каде што во последната сезона работеше под водство на Ернесто Валверде, тренерот кој треба да ја преземе Барселона.

Токму Валверде побарал да му биде донесен Андер Ерера, но одговорот од фудбалерот ќе биде негативен.