24фудбал

„Вечерва се забавувам за разлика од прославата на Скудетото!“ – синот на Бонучи се сретна со „Петелот“ (ФОТО)

Синот на Леонардо Бонучи конечно е со насмевка на лицето, малиот Лоренцо се сретна со својот идол, напаѓачот на Торино, Андреа Белоти

Италија

Постариот син на Леонардо Бонучи е во центарот на вниманието поради неговата реакција при прославата на Скудетото.

Додека сите се радуваа на новата титула, тој беше нерасположен и намуртен поради тоа што беше приморан да носи дрес на Јувентус.

Лоренцо е голем фан на Торино, и насмевката на неговото лице беше вратена вечерва откако се сретна со неговиот идол, Андреа Белоти.

„Вечерва се забавувам за разлика од прославата на Скудетото! Ти благодарам Белоти” – напиша Леонардо Бонучи на Инстаграм и објави слика од неговиот син со популарниот „Петел“.