24фудбал

1xbet типови на денот: (26.05.17): Во Хрватска започнува последното коло

Во Хрватска полека се спушта завесата на оваа сезона, Хајдук има само еден пораз на последните 12 натпревари и тоа од Ријека, добрата форма треба да ја потврдат и на гостувањето кај Славен Белупо кој има серија од три порази.

Останато

Новата македонска онлајн обложувалницата 1xbet.com и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Славен Белупо - Хајдук 2

Во Хрватска се играат натпреварите од последното коло. Славен Белупо е во серија од три порази по ред, додека Хајдук има само еднаш загубено од март и тоа од новиот шампион Ријека. Хајдук е во многу подобра форма и треба да ја искористи иако се очекува тежок натпревар. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Хајдук е 2,32.

Корк Сити - Шамрок 1

Корк Сити е непоразен од почетокот на првенството во Ирска има победи на 14 од 15 одиграни натпревари. Актуелниот шампион Дандалк им заостанува 15 бодови. Шамрок исто така е во добра форма. На четири од последните пет меча победиле, но од второто место ги дели шест бода. Нивен проблем се гостувањата. Имаа победено само на две од седум оваа сезона, преостанатите пет им се порази. Од друга страна, Корк Сити има победено на сите домашни натпревари со просечно три гола по натпревар. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Корк Сити е 1,39.

Тофаш - Фенербахче 2 хенд. (-7,5)

Првиот плеј-оф меч одигран пред неколку дена, актуелниот европски првак го доби со 16 поени разлика (92:76). Тофаш со овој пораз ја прекина низата од пет врзани победи, а интересно е дека Фенер е без пораз во лигата од почетокот на декември кога загубија токму од Тофаш. Фенербахче е многу поквалитетна екипа и ќе сака што порано да се пласира во полуфиналето. Коефициентот на 1xbet.com за Фенербахче да победи со осум или повеќе разлика е 1,69.

Јужна Кореја У20 - Англија У20 2

На Светското првенство за играчи до 20 години, Англија и Јужна Кореја играат меч за првото место во групата. Младите Англичани ја совладаа Аргентина со 3-0, а ремизираа со Гвинеја 1-1 по првите две кола. Додека Кореја со 3-0 ја победи Гвинеја, со 2-1 славеше над Аргентина и веќе избори пласман во нокаут фазата. Битката за првото место сметаме дека ќе им припадне на Англичаните. Коефициентот на 1xbet.com за победа на Англија е 2,39.

Онлајн обложувалницата 1xbet.com ви нуди одлични коефициенти и многу игри на сите натпревари. Обложувај се од дома, обложувај се онлајн, обложувај се 24 часа во текот на денот.