24фудбал

Младата ѕвезда на Реал открива: Надал му се јави на Флорентино Перез и му кажа дека мора да ме купи

Талентираниот фудбалер на „Кралевите“, Марко Асенсио вели дека за неговиот трансфер на Сантијаго Бернабеу заслуга има Рафа Надал, тенисерот лично му се јавил на Флорентино Перез

Шпанија

Реал Мадрид го купи Шпанецот од Мајорка во ноември 2014 за нешто помалку од 4 милиони евра и по успешната позајмица во Еспањол, Марко Асенсио оваа сезона доби шанса од Зинедин Зидан.

21 годишниот офанзивен фудбалер одлично ја искористи секоја укажана прилика.

Постигнуваше гол на своето деби за Раел Мадрид во Суперкупот на Европа, Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на Шпанија.

Па поради одличните игри, Зинедин Зидан има поголема доверба во Марко Асенсио отколку во големата ѕвезда, Хамес Родригез.

Во разговор со медиумите од Шпанија, играчот сега открива дека за неговиот трансфер препорака дал Рафаел Надал, кој е голем фан на Реал Мадрид.

„Анегдотата е точна“ - вели Асенсио.

„Рафаел Надал му се јави на Флорентино Перез и му кажа дека не смеат да испуштат“.

„Потоа ми се јави мојот агент, ми кажа дека Реал Мадрид е заинтересиран за мене“.

„На крајот добив повик и од Флорентино Перез, и тој ми кажа дека ќе играм за Реал Мадрид“.

„Се беше завршено во еден ден. Отпатувавме за Мадрид, ставив потпис на договорот, го посетивме Бернабеу и се вратив во Мајорка да ја завршам сезоната“.