24фудбал

Реднап го бара Асу-Екото во Бирмингем... поранешниот играч на Тотенхем сака да биде порно ѕвезда!

Хари Реднап посакува одново да соработува со Беноа Асу Екото, но левиот бек има други планови и сака да се испроба во друга професија

Англија

Камерунецот играше под водство на Хари Реднап во Тотенхем и КПР, а искусниот стратег сега сака да го донесе левиот бек во Бирмингем.

Но зделката наиде на мал проблем, Беноа Асу Екото сака да биде порно ѕвезда.

„Беноа сака да биде порно ѕвезда – открива Хари Реднап.

„Можеби ќе го убедам да одигра уште една година пред да се испроба во новата професија.

„Тој е одличен играч, лесно може да се случи да ги брани боите на Бирмингем следната сезона.