24фудбал

Директорот на Јуве открива како Погба го продале за 110 милиони евра, а не за 60 милиони

Генералниот извршен директор на „Старата Дама“, Бепе Марота открива зошто „Црвените Ѓаволи“ биле приморани да платат светски рекордна сума за ангажман на Пол Погба

Италија

Французинот минатото лето се врати на Олд Трафорд и за неговите услуги „Црвените Ѓаволи“ платија 105 милиони евра плус 5 додатни милиони во бонуси.

Генералниот извршен директор на Јувентус, Бепе Марота сега вели дека Манчестер јунајтед не ќе морал да ја одвои оваа рекордна сума доколку во договорот на играчот имало откупна клаузула.

„Манчестер јунајтед веројатно ќе го купеше Погба аз 60 милиони евра доколку вметневме откупна клаузула во договорот на играчот – вели Марота.

„Вредноста на играчот се утврдува кога го продавате.

„Доколку ставевме откупна клаузула во договорот на Погба пред три години, ќе го продадевме за 60 милиони евра, што е сосема пристојна бројка.

„Но го продадовме за 110 милиони евра.

„Лудост е да се стави откупна клаузула. Никогаш не би ставил откупна клаузула во договорите на играчите.

„Ниту огромна сума не е предност. Напротив, ве прави ранлив“.

„Мислам дека Наполи немаше да ни го продаде Гонзало Игуаин за 90 милиони евра доколку не беше откупната клаузула.