24фудбал

Гризман се огласи по последните шпекулации за трансфер во Манчестер јунајтед

Антоан Гризман се огласи на социјалните мрежи по гласините за негова преселба на Олд Трафорд, напаѓачот порача дека нема вистина во написите

Шпанија

Французинот силно се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед и последните извештаи велеа дека тој веќе ја договорил платата со „Црвените Ѓаволи“ и наскоро ќе пристигне официјална потврда за неговата преселба во најтрофејниот клуб од Англија.

Па Антоан Гризман веднаш се огласи на социјалните мрежи и порача дека нема вистина во ваквите шпекулации.

„Сите гласини се неосновани – напиша Французинот на Твитер. „Јас се уште сум „Колчонерос“.

„Ќе одлучам за следниот чекор по разговорот со мојот спортски советник.