24фудбал

Милан му поставува ултиматум на Донарума

Неколку италијански медиуми пишуваат дека Милан ќе го стави Донарума на клупата во следната сезона доколку тој не стави потпис на нов договор.

Италија

18-годишниот голман ова лето треба да ја реши својата иднина. Одличните партии во дресот на Милан придонесоа за голем интерес кај фудбалските гиганти, па Донарума има дилеми дали да продолжи на Сан Сиро или да замине.

Донарума треба да го потпише првиот возрасен договор со Милан, клубот му нуди плата од околу 3-3,5 милиони евра по сезона. Во моментов заработува 250.000 евра со актуелниот договор кој му истакува во јуни 2018 година.

Според „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“, Милан е подготвен да игра тврдо кога е во прашање Донарума, планираат да не го ставаат во првиот тим следната сезона се додека не стави потпис на нов договор.

Интерес за голманот има од дуото во Манчестер, Сити и Јунајтед. Доколку замине Де Геа, Мурињо ќе треба да донесе нов голман, а тоа мора да го направи и Пеп Гвардиола кој направи грешка со ангажманот на Клаудио Браво.

Останува да видиме дали Донарума ќе остане во Милан или неговиот агент Мино Раиола ќе изнуди заминување надвор од Италија.