24фудбал

Милан и Интер се вклучија во трката за ѕвездата на Лион

Италијанските калчолигаши во ред за еден од најдобрите поединци на францускиот прволигаш, покрај Јувентус, во трката влегоа и Милан и Интер.

Италија

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми се вели дека шампионот на Серија А и овогодишен финалист во Лигата на шампионите, екипата на Јувентус не е единствената во моментов која е заинтересирана за фудбалерот од средниот ред на Лион, 22 годишниот Корентен Толисо.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека во трката за Толисо се вклучени и екипите од Милано, Интер и Милан кои наводно нема да се штедат за да победат во оваа битка за потписот на еден од најталентираните фудбалери на европскиот трансфер пазар.

Се чини дека Јувентус има огромна предност во однос на Милан и Интер во моментов поради пласманот во Лигата на шампионите и следната сезона.

Толисо со Лион обезбеди место во Лига Европа за следната сезона, оваа одигра 31 натпревар за својот тим, на кои постигна 8 погодоци.