24фудбал

„Чудото од дете“ пристига во Милано на лекарски прегледи, извисија Манчестер јунајтед, Челзи...

Веќе нема дилеми, познат е новиот клуб на еден од најталентираните фудбалери на европскиот трансфер пазар, младиот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска.

Италија

Според најновите информации кои пристигаат од Италија, се вели дека талентираниот фудбалер од средниот ред на најпријатното изненадување во Серија А, Аталанта, 20 годишниот играч од средниот ред Франк Јаник Кеси деновиве пристига на лекарски прегледи во Милано.

Милан излезе како голем победник во трката за „чудото од дете“ во калчолигата, како најголеми ривали за овој трансфер ги имаше Манчестер јунајтед, Челзи, Ливерпул и Рома.

Се шпекулира дека Кеси со Милан ќе потпише петгодишен договор, ќе има годишна заработка од 2,5 милиони евра. Неофицијалните информации велат дека Милан за овој трансфер ќе издвои околу 25 милиони евра.

Очекувањата се Кеси во текот на следната недела да пристигне на лекарски прегледи во Милано, за целиот трансфер да се комплетира идната недела.

Кеси со 29 натпревари и 6 гола беше еден од моторите на Аталанта која избори место во Лига Европа за следната сезона, на табелата во Серија А, заврши како петтопласирана.