24фудбал

1xbet типови на денот: (27.05.17): Челси и Арсенал во битка за трофејот од ФА Купот

Со финалето од ФА Купот се спушта завесата на сезоната во Англија. Челси брка двојна круна, Арсенал ќе се обиде со трофеј да ја ублажи неуспешната сезона во која не се пласираше во Лигата на шампионите.

Останато

Новата македонска онлајн обложувалницата 1xbet.com и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Челси - Арсенал 1

Денеска на Вембли се игра финалето од ФА Купот, последниот натпревар сезонава во Англија. Челси брка двојна круна, Арсенал ќе се обиде да ја поправи првата сезона под водство на Венгер во која не успева да се пласира во Лигата на шампионите. Челси има многу поквалитетен тим, полн со самодоверба, проблем за Арсенал е и неиграњето на Косчиелни, главниот играч во одбраната. Сметаме дека Сините ќе ја освојат двојната круна со тоа што ќе го кренат и пехарот од ФА Купот. Коефициентот на 1хbet.com за победа на Челси е 1,78.

Борусија Дортмунд - Ајнтрахт Франкфурт 1

Борусија Дортмунд ќе има сосема солидна сезона доколку успее да го освои Купот на Германија. Противник им е Ајнтрахт од Франкфурт кој со лоша серија ја заврши сезоната во Бундеслигата, без победа на последните четири меча од кои претрпе три порази. Милионерите се сериозен фаворит во овој меч и тоа мора да го искористат. Коефициентот на 1хbet.com за победа на Борусија Дортмунд е 1,41.

Аталанта - Киево 1

Во Италија се игра последното коло од сезоната, Аталанта завршува една фантастична кампања. Петтото место е загарантирано а доколку го победи Киево, а Лацио не освои три бода кај Кротоне кој се бори за опстанок, ќе бидат и четврти. Место во Лига Европа имаат, но ќе сакаат да завршат и пред Лацијалите. Киево е идеален гостин за уште една победа. Коефициентот на 1хbet.com за победа на Аталанта е 1,27.

Фенербахче - Трабзонспор 1

Во Турција има уште две кола, шампион најеверојатно ќе биде Бешикташ. Фенербахче најмногу што може е да го освои третото место, а загрозен е единствено од Галатасарај. Фенер денеска го пречекува Трабзонспо кој не знае за победа на последните четири меча. На последните три меѓусебни меча, Фенербахче секогаш победувал, треба да го направи тоа и денеска за да заврши пред Галатасарај. Коефициентот на 1хbet.com за победа на Фенербахче е 1,88.

Новата македонска онлајн обложувалницата 1xbet.com и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.