24фудбал

Агентот на Ибраими проговори за наводното враќање на неговиот фудбалер во Марибор

Астана објави дека го раскинала договорот со македонскиот интернационалец поради наводно непочитување на меѓусебниот договор, за наводното враќање на Ибраими во Марибор, проговори неговиот агент.

Македонија

Како бомба одекна веста во Љубљана дека дошто до наводно помирување помеѓу спортскиот директор на Марибор, Златко Заховиќ и нашиот фудбалер Агим Ибраими, кој во дресот на „виолетовите“ одигра 164 натпревари, притоа постигна 40 погодоци во периодот од 2011. до 2016 година.

Сепак, агентот на Ибраими, Жељко Бубало во целост ги отфрли шпекулациите дека неговиот фудбалер ќе се врати во Марибор.

Прв пат слушам такво нешто... Од Марибор не не побарале, ниту јас, ниту самиот Ибраими немал никаква комуникација со тој тим последниов период, ниту пак сме оствариле средба или пак сме разговарале со Заховиќ“ демантираше Жељко Бубало.

Ибраими и Заховиќ имаа големи несогласувања во тимот од Љубљана, нашиот фудбалер доби и суспензија од словенечката екипа, при што стана јасно дека е на излезна врата од клубот.

Ибраими во последниов период беше поврзуван и со враќање во Олимпија Љубљана, сепак раководството на тој клуб ги демантираа овие шпекулации, па останува отворено прашањето каде ќе се пресели Ибраими по официјалната разделба со казахстанска Астана која информираше дека го раскинала договорот со Македонецот.

28 годишниот офанзивен крилен фудбалер одигра само 11 натпревари, притоа постигна еден погодок во дресот на Астана.