24фудбал

Арсенал по 13. пат го крева трофејот во ФА Купот! (ВИДЕО)

Арсенал со трофеј ја завршува сезоната откако со 2-1 го совлада Челси во финалето на ФА Купот, „сините“ не успеаа да дојдат до двојна круна, „топчиите“ станаа англискиот тим кој најмногу пати триумфирал во ова натпреварување.

Англија

ФА Купот е утешната награда за Арсенал во првата сезона на Арсен Венгер како не го носи тимот во Лигата на шампионите. Топчиите го победија шампионот на Англија, Челси и сосема заслужено дојдоа до трофејот.

Натпреварот почна со контроверзен гол, Алексис Санчез ја затресе мрежата на Куртоа, голот во прв момент беше поништен, но по консултација меѓу судиите беше покажано кон центарот. Арсенал поведе со 1-0.

Ремзи беше во офсајд ситуација но не играше со топката, главниот судија одлучи дека тој немал влијание на играта и го призна голот. Имаше и игра со рака од Санчез која не беше санкционирана.

Но, во продолженито Арсенал имаше уште неколку фантастични шанси да го зголеми водството. По еден лоб на Озил, Кејхил спасуваше од гол линијата, а подоцна во една акција Велбек и Ремзи ја погодија стативата.

Челси долго време се мачеше да израмни, ситуацијата стана полоша во 68. минута кога поради глума Мозес заработи втор жолт картон и го остави тимот со играч помалку.

Но, осум минути подоцна Челси даде гол, по центаршут на Вилијан, Коста одлично ја прими топката, шутираше и го совлада Оспина за израмнување на 1-1.

Венгер веднаш во игра го стави Жиру и тоа резултираше веќе во следната акција. Французинот асистираше одлично до Ремзи кој само се поклони и донесе победа на Арсенал од 2-1.

Челси имаше шанса за ново изедначување, но не успеа да дојде до двојната круна, Арсенал беше подобар тим, создаде повеќе шанси и заслужено се радува на трофејот.