24фудбал

Тоти го одбра својот наследник, кое е детенцето што ја доби капитенската лента од „Принцот“ (ФОТО И ВИДЕО)

Франческо Тоти вчера го одигра последниот натправар за Рома, се збогува со „Волчица“, и капитенската лента му ја предаде на 11 годишниот Матија Алмавива

Италија

„Принцот од Рим“ се опрости од Олимпико, 40 годишниот Франческо Тоти вчера против Џенова го одигра последниот натпревар во дресот на „Џалоросите“.

По крајот на средбата, Тоти беше поздравен од соиграчите и доби врамен дрес со бројот 10 од претседателот Џејмс Палота.

Иконата на „Волчицата“ потоа имаше почсен круг околу стадионот за да ги поздрави фановите и застана пред „Курва Суд“, каде потпиша фудбал со зборовите „Ќе ми недостигаш“ и го шутна кон трибината.

Франческо Тоти потоа оддржа емотивен говор, за на крај да ја предаде капитенската лента на едно момче од младинските категории.


Се работи за 11 годишниот Матија Алмавива, најмладиот капитен во школата на Рома.


Тој игра на популарната позицја „треквартиста“ има смеѓа коса и сини очи како Франческо Тоти, па многумина велат дека „Принцот од Рим“ го пронашол својот наследник.