24фудбал

Еве кој ја фати топката што Тоти ја шутна кон „Курва Суд“ (ФОТО)

Откриена е судбината на фамозната фудбалска топка која Тоти ја упати на трибините кај најверните навивачи на Рома.

Италија

Легендата на Рома долго се опростуваше од јужната трибина на „Олимпико“, онаму каде што се најверните навивачи на „Волчицата“.

Пред дефинитивно за крај да ја поздрави фанатичната публика на „Курва Суд“, Франческо Тоти на фудбалска топка напиша „Ќе ми недостигате“ и ја шутна кон трибината.

Иако за очекување беше да има и мал инцидент околу тоа кој ќе го фати драгоцениот подарок од капитенот, сепак фановите на Рома постапија крајно џентлменски па не дозволија да и ја расипат радоста на една навивачка на Рома, која на „Олимпико“ била со својот брат, и еден пријател.