24фудбал

Познати се директните патници во Лигата на шампионите за следната сезона

Пероти ја ослободи Рома од квалификациите, од Италија за место во групите ќе се бори Наполи, како и Истанбул Башакшехир откако Бешикташ ја завери титулата во Турција.

Лига на Шампиони

Во текот на вчерашниот ден низ фудбалска Европа се одиграа неколку клучни натпревари, по кои и дефинитивно ги добивме сите 22 екипи кои изборија директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

Пероти во самиот финиш постигна гол за Рома против Џенова за 3-2 и го одведе својот тим директно во елитното европско клупско натпреварување, Наполи славеше со 2-4 на гостински терен кај Сампдорија, иако се надеваше на кикс на својот ривал, сепак до тоа не дојде па ќе игра во квалификациите.

Бешикташ на едно коло до крајот на турската „Супер лига“ ја потврди титулата со победата од 0-4 на гостински терен кај Газиантеп, со тоа што го исфрли од колосек во трката за титулата, амбициозниот Истанбул Башакшехир кој сепак ќе игра во квалификациите. 


Ова се екипите кои изборија директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона:


Англија: Челси, Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед

Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид

Германија: Баерн Минхен, Лајпциг, Борусија Дортмунд

Италија: Јувентус, Рома

Португалија: Бенфика, Порто

Франција: Монако, Париз Сент Жермен

Русија: Спартак Москва

Украина: Шахтјор

Белгија: Андерлехт

Холандија: Феенорд

Турција: Бешикташ

Швајцарија: Базел