24фудбал

Случајот „Рустемовски“ топ тема во Швајцарија

Медиумите во Швајцарија ја пренесуваат упорноста на Македонија да го придобие мега талентот од Грасхоперс.

Македонија

Како што е познато, суперталентираниот фудбалер на Грасхоперс, 16 годишниот Амел Рустемовски по втор пат не се појави во составот на селекторот Игор Ангеловски. Иако беше на списокот на фудбалери за денешниот контролен натпревар против Турција, Рустемовски откажа.

Рустемовски се смета за голема перспектива во македонскиот фудбал, тој веќе има настапи за помладите репрезентативни генерации за нашата земја, но негов настап за сениорскиот тим ќе ги реши сите дилеми за во иднина, токму до тоа не доаѓа, по втор пат тој откажува настап.

Со насловот „Македонија го форсира Рустемовски за настап во сениорскиот тим!“, швајцарски „Блих“ веќе навести војна за овој одличен фудбалер кому му се предвидува блескава кариера.


Она што е извесно, селекторот Ангеловски можно е да покрене санкции до ФИФА за фудбалерот, доколку тој не се појави во тимот за дуелот со Шпанија во рамките на квалификациите за СП 2018, меч предвиден да се одигра на 11. јуни во Скопје.

 

Извор: blick.ch