24фудбал

Инцидент по мечот во Скопје, навивач влета на теренот во обид да дојде до Серхио Рамос (ФОТО)

Капитенот на Шпанија и фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Рамос се најде во непријатна ситуација по крајот на средбата во Скопје.

Македонија

По крајот на мечот помеѓу Македонија и Шпанија кој заврши со победа на гостите од 1-2, се случи мал инцидент на теренот.

Навивач влета на теренот, за момент го избегна обезбедувањето и се обиде да дојде до капитенот на Шпанија, фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Набрзо навивачот беше сопрен од редарите кои реагираа и ја обезбедија шпанската фудбалска ѕвезда која беше во нивна близина.

Нов пораз во квалификациите, ремек делото на Стефан Ристовски недоволно за изненадување против Шпанија (ВИДЕО)

Стефан Ристовски продре како Спиди Гонзалес, Де Геа долго ќе го памети овој гол... (ВИДЕО)

Ангеловски: Имавме преголем респект кон Шпанија, Македонија во Елмаз доби нов бисер

Лопетеги: Одигравме одлично прво полувреме, во вториот дел Македонците беа подобри

Фото: Кочо Сотировски