24фудбал

23.000 билети се пуштени во продажба за Суперкупот на УЕФА, може да се аплицира од секаде во светот

На денешната прес конференција, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски соопшти неколку важни детали околу билетите за Суперкупот на УЕФА кој ќе се одржи во Скопје.

Лига на Шампиони

Вкупно 23.000 билети се пуштени во продажба, преостантите се наменети за клубовите кои учествуваат, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, како и билети за спонзорите и партнерите на УЕФА.

Ќе може да се аплицира од секаде во светот, веќе пристигнале апликации од Аргентина, Нов Зеланд, Австралија...

Повеќе за аплицирањето на следниот ЛИНК.