24фудбал

Швајцарски медиуми: Сент Гален направи фатална грешка со Висар Муслиу...

Новото засилување за македонскиот шампион е топ тема во Швајцарија, се чини дека Вардар доби „џек-пот“ во своите редови.

Македонија

Дел од швајцарските медиуми пишуваат за големата грешка која ја направил тимот на Сент Гален, испуштајќи голем талент од своите редови како Висар Муслиу.


Сент Гален испушти голем талент... Тимот остана со празни раце откако изминатиов период се решија сите дилеми околу Висар Муслиу, талентираниот 22 годишен фудбалер потпиша за Вардар, истовремено ќе биде дел од селекцијата на Македонија за играчи до 21 годишна возраст, на претстојното Европско Првенство за млади фудбалери во Полска“ пишува „Блик“.

Кариерата на Висар се движи во нагорна линија, Ренова одигра мошне паметно во случајот со Муслиу, неколкупати го испрати својот фудбалер на позајмица во Сент Гален, кој по се изгледа немал добра проценка околу квалитетите на нашиот младински репрезентативец.

Муслиу доби понуда на маса од швајцарскиот клуб, петгодишен договор, истиот го прифати, но не доби прилика за адектавно докажување во Сент Гален, по што мораше да се врати повторно во Ренова, но како позајмен фудбалер, по ова, неговиот татко за швајцарските медиуми даде изјава дека тогашниот тренер на швајцарскиот суперлигаш, Австриецот Хејнц Пејшл му ја уништил кариерата на Висар.

Пред неколку месеци Шкендија сакаше да го ангажира талентираниот дефанзивец за сума од 40.000 евра, но проблем беа личните барања на Муслиу кој неофицијално, ја одби понудената плата од 1.500 евра, барајќи илјада евра повеќе.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека во комбинација за ангажман на талентираниот гостиварчанец своевремено интерес пријавувала и екипата на Работнички.


Фото-вест: fkvardar.mk (Архива, од презентацијата)