24фудбал

„Си одам од Мадрид, нема враќање назад“ - Роналдо им се доворел на соиграчите од Португалија

Според пишувањата на Марка, Кристијано Роналдо им соопштил на своите сонародници дека дефинитивно одлучил да замине од Реал Мадрид

Шпанија

Продолжуваат сториите за заминување на Кристијано Роналдо од Сантијаго Бернабеу, вест која утрово ја пренесе португалскиот весник А Бола.

Вечерва Марка пренесе дека Кристијано Роналдо за својата одлука ги известил и колегите од репрезентацијата.

„Си заминувам од Мадрид, донесов дефинитивна одлука. Нема враќање назад“ - им соопштил ЦР7 на сонародниците во тренинг кампот на Португалија.

Се верува дека Кристијано Роналдо се решил на еден ваков чекор поради обвинувањата за затајување данок, како и тоа што Реал Мадрид не застанал поцврсто во негова одбрана.