24фудбал

Колку би чинел евентуален трансфер на Криситјано Роналдо?

Кристијано Роналдо сака да замине од Шпанија, па доколку Реал Мадрид не успее да ја предомисли својата прва ѕвезда ќе бидеме сведоци на нов рекорден трансфер

Англија

Топ вест вчера беше иднината на Кристијано Роналдо, португалските медиуми беа први кој прнесоа дека ЦР7 решил да замине од Шпанија поради проблемите со даночните власти кои го обвинија дека прикрил 14,7 милиони евра.

Реал Мадрид ќе стори се за да ја задржи својата прва ѕвезда, а доколку лидерите на клубот не успеат во намерата, ќе бидеме сведоци на нов рекорден трансфер.

Во договорот на играчот има откупна клаузула од една милијарда евра, но и самиот Реал Мадрид е свесен дека никој нема да ја плати оваа сума, и „Кралевите“ ќе треба да се задоволат со помала бројка.

Медиумите шпекулираат со сумата од 200 милиони евра, која можат да си ја дозволат малку клубови, помеѓу кои Манчестер јунајтед, ПСЖ и Манчестер Сити.

Секако, и клубовите од Далечниот Исток би можеле да потрошат ваква луда сума, но Кина не е опција за Кристијано Роналдо во овој момент.

Но покрај обесштетувањето од 200 милиони евра, клубот кој ќе го купи Кристијано Роналдо ќе треба да одвои барем уште толку и за плати.

Во моментов, бруто платата на ЦР7 изнесува околу 50 милиони евра по сезона.

Па кога ќе се направи пресметка за четири годишен договор, се добива бројката од 200 милиони евра за плати, или зделка која вкупно изнесува 400 милиони евра.