24фудбал

„Ѓаволски“ луда операција, Де Геа и 200 милиони евра за Роналдо и Мората

Медиумите на „Островот“ пренесуваат дека тимот од „Олд Трафорд“ подготвува луда понуда за враќање на Роналдо во својот тим, воедно и ангажман на Мората.

Англија

Според информациите кои ги пренесува „The Sun“, се вели дека Манчестер јунајтед подготвува мега-понуда до Реал Мадрид, во истата како жртва за да се реализира целта ќе биде голманот Де Геа.

Тимот од „Олд Трафорд“ наводно нуди фантастични 200 милиони евра за ангажман на Кристиано Роналдо и Алваро Мората, додатно во истата понуда го нуди и Де Геа во пакет.

Најавите дека првата ѕвезда на Реал Мадрид, Португалецот Кристиано Роналдо планира да си замине од тимот е топ вест не само во Шпанија, туку во целиот фудбалски свет, па на големо почнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Неофицијалните информации говорат дека причината која наводно Роналдо сака да си замине од Мадрид се поради проблемите со тамошните даночни власти кои го обвинија фудбалерот дека прикрил 14,7 милиони евра.

Дека најавите за негово враќање во Манчестер јунајтед не се случајност, говорат повеќе извори, вклучително и човекот кој го договори трансферот на Португалецот во тимот од Мадрид.