24фудбал

Верати испратил порака до ПСЖ, „Газета дело Спорт“ ја открива содржината

Нови детали кои најавуваат трансфер на Италијанецот во редовите на Барселона, Верати со порака до ПСЖ.

Шпанија

Според информациите кои ги објавуваат дел од италијанските медиуми, се вели дека 24 годишниот италијански интернационалец од редовите на францускиот вицепрвак ПСЖ, Марко Верати веќе испратил и порака до својот клуб кого го известил за неговите планови.

Не се враќам во Париз“ – напишал Италијанецот во својата порака до клубот, од Ибица каде моментално го поминува своето слободно време, пренесува „Газета дело Спорт“.

Италијанецот за време на својот престој беше фотографиран држејќи го изданието на шпански „Мундо Депортиво“, додека на насловната може да се забележи дека токму тој е во фокусот на медиумот.


Вреди да се напомене дека лани во август фудбалерот од средниот ред стави потпис на нов договор со тимот од Париз кој има важност до 2021. Година, на европскиот трансфер пазар Верати има вредност од околу 50 милиони евра, што значи дека се поизвесно е дека во скоро време би можело да дојде до голем трансфер.