24фудбал

„Л’Екип“: Барселона се поблиску до трансфер бомба

Каталонскиот клуб од една страна го привлекува Верати, од друга страна истовремено атакува и на потписот на Дембеле.

Шпанија

Француски „ЛЕкип“ пишува дека според нивни информации, Барселона планира да ги интензивира напорите за да го ангажира 20 годишното офанзивно крило на Борусија Дортмунд, Французинот Осман Дембеле.

Агентот на Дембеле не крие дека има „полни раце“ работа летово, понуди на негова адреса пристигнуваат во голем број од големи европски гиганти, но не открива повеќе детали на оваа тема.

Младиот и талентиран Французин има договор со бундеслигашот кој има важност до 2021. Година, останува дилемата која ќе биде бараната сума на тимот од Дортмунд за евентуален трансфер кој се чини дека по најновите информации е се поизвесно дека ќе се реализира.

Веќе пренесовме за новите информации околу Марко Верати за кого се чини дека прашање е на време кога ќе го засили тимот на Барселона, вклучувајќи го и Дембеле, тоа би било двојна придобивка за каталонскиот гигант.