24фудбал

Првиот човек на Милан: Донарума ќе не чини 100 милиони евра, парите сега ќе завршат кај неговиот агент

Генералниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне вели дека одлуката на Џиџо Донарума да не стави потпис на нов договор го чини клубот околу 100 милиони евра

Италија

Суперталентираниот голман минатата недела донесе одлука за својата иднина и реши да не го продолжи договорот кој му истекува во 2018.

„Неговата одлука е во рамките на правилата, апсолутно имаше право да го одбие новиот договор – вели Марко Фасоне.

„Но сосема друго е дали она што го направи е во склоп со бизнис етиката.

„Остана горчлив вкус поради начинот на кој се разреши ситуацијата. Се можеше да се заврши без да му се нанесе штета на клубот. Поради начинот на кој Џиџо и Мино решија да заминат, ќе го чинат клубот 100 милиони евра.

„Доколку Донарума вреди волку на само 18 години, тоа е бидејќи клубот инвестирал во него и имал храброст да му укаже шанса во првиот тим.

„Тие требаа да кажат само дека Џиџо не сака да остане и ќе потпишеше договор со разумна откупна клаузула.

„Па доколку најголемиот клуб во светот доставеше понуда, Џиџо ќе можеше да замине уште ова лето.

„Но сега наместо Милан да ја добие сумата која ќе ја плати Реал Мадрид, парите ќе завршат во џебот на неговиот агент. Ние барем ќе ја инвестиравме таа сума во италијанскиот фудбал.

„Секогаш кога разговаравме, дали тоа беше лице во лице или пак на телефон, Џиџо ме осигуруваше дека сака да остане.

„Но агентот секогаш велеше дека не е подготвен да преговара во временската рамка која ја поставивме. Па имаше две различни верзии.