24фудбал

Вардар ќе биде во Групата 3 на ждрепката во Нион, еве кои се можните противници

Шампионот на Македонија, Вардар ги дозна можните противници во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите откако УЕФА го објави скратениот список на екипи

Македонија

„Црвено-црните“ денеска ќе го дознаат противникот во најелитното европско натпреварување, ждрепката во Нион започнува во 12 часот.

УЕФА утрово го објави скратениот список на екипи, и Вардар е сместен во Групата 3.

Шампионот на Македонија како противник во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите може да ги добие екипите на Селтик (Шкотска), Легија Варшава (Полска), Марибор (Словенија), Малме (Шведска), Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).