24фудбал

Работнички, Шкендија и Пелистер ги добија противниците за квалификациите од Лига Европа

Македонските претставници во квалификациите од Лига Европа, Работнички, Шкендија и Пелистер ги добија своите противници, најлесно поминаа „романтичарите“.

Македонија

Работнички бидејќи беше сместен во групата на носители помина и најлесно во денешната ждрепка за квалификациите од Лигата на Европа, за противник го доби Тре Пене од Сан Марино.

Шкендија за противник го доби тимот на Дачија Чисинау од Молдавија, а најтешко помина Пелистер кој ќе игра против полскиот Лех Познан.

Работнички е домаќин во првиот натпревар, додека Шкендија и Пелистер реваншите ќе ги играат на свој терен.

Работнички - Тре Пене (Сан Марино)

Дачија Чисинау (Молдавија) - Шкендија

Лех Познан (Полска) - Пелистер

Првите натпревари се играат на 13 јули, реваншите се седум дена подоцна.