24фудбал

Рамос сакал од прва рака да дознае дали има вистина во гласините, ЦР7 го известил капитенот дека заминува

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Серхио Рамос му се јавил на Кристијано Роналдо за да го праша дали има вистина во гласините, ЦР7 му ја потврдил намерата за заминување и на капитенот

Шпанија

Се повеќе извештаи пристигнуваат за тоа дека Португалецот дефинитивно решил да замине од Шпанија и Реал Мадрид.

Последните стории велат дека Серхио Рамос телефонски разговарал со Кристијано Роналдо.

Дефанзивецот сакал од прва рака да дознае дали има вистина во гласините, и ЦР7 го известил својот капитен дека сака да го напушти Сантијаго Бернабеу.

Кристијано Роналдо на Серхио Рамос му кажал дека му е преку глава од лошиот третман кој го добива, односно обвиненито дека затаил данок, како и тоа што Реал Мадрид не застанал во негова одбрана.