24фудбал

Барди: Ова нека ни биде мотив за дуелот против Португалија

Македонија имаше триумф против Србија се до 90. минута кога противникот израмни, разочарувањето е големо, но Барди смета дека ова ќе биде мотивација за следниот предизвик.

Македонија

Македонија одигра реми со резултат 2-2 против Србија во второто коло од Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Полска.

Енис Барди одигра фантастичен меч против Србија, доста борбено и цврсто го имаше на сите делови од теренот, по мечот истакна дека нашата репрезентација има за што да жали.

Има за што да жалиме, ја имавме победата во свои раце, меѓутоа ќе издвојам дека се боревме со срце до крајот на мечот. Ова ќе ни биде вистински мотив за дуелот против Португалија“ истакна Барди по мечот со Србија.

Дуелот со Португалија во третото коло од групата „Б“ е предвиден да се одигра во петок во терминот од 20 часот и 45 минути.


Фото: UEFA U21 EURO (Twitter)