24фудбал

Ливерпул пред промоција на првото големо засилување

Според најновите информации кои во јавноста ги пласираше „Скај Спортс“ се вели дека интернационалецот од Египет и дефинитивно ќе потпише за Ливерпул.

Англија

Подолг период траеше сагата околу потенцијалниот трансфер на 25 годишниот Мохамед Салах во премиерлигашот Ливерпул.

Наводно тимот од „Енфилд Роуд“ прифатила на Рома да и исплати 40 до 45 милиони евра за реализација на овој трансфер, откако претходната понуда од 30 милиони фунти беше одбиена од страна на калчолигашот.

„Скај Спортс“ тврди – Салах е на медицински прегледи во Ливерпул.


Очекувањата велат дека трансферот ќе се официјализира во текот на денов.