24фудбал

Добра заработка за Рома, Салах направи рекорден трансфер на Енфилд

Мохамед Салах е нов фудбалер на Ливерпул, репрезентативецот на Египет стави потпис на долгогодишен договор со „Црвените“

Англија

Јирген Клоп го доби првото засилување за сезоната 2017/18, Ливерпул вечерва го комплетираше трансферот на Мохамед Салах од Рома, во рекордна зделка за двата клуба.

Репрезентативецот на Египет се сели на Енфилд за 42 милиони евра (36,9 милиони фунти) како и дадатни бонуси од 8 милиони евра (7 милиони фунти) со што потенцијалната цена на трансферот може да биде 50 милиони евра (43,9 милиони фунти).

Па Мохамед Салах е најскапо засилување во историјата на Ливерпул, претходно рекордот му припаѓање на Енди Керол (35 милиони фунти)

Фудбалерот исто така е и најголема продажба на Рома, далеку подобра од зделката во која Ерик Ламела за 35 милиони евра се пресели во Тотенхем.

„Волчицата“ од овој трансфер може да заработи околу 30 милиони евра откака плати 20 милиони за ангажман на Мохамед Салах (5 милиони за едногодишна позајмца и 15 милиони за целосно да го откупи играчот од Челси).