24фудбал

Фудбалер на Сантош сред партија покер со Нејмар открил дека ќе потпише за Барса

„Каталонците“ ќе добијат засилување од Бразил на стартот од 2018, на Камп Ноу пристигнува фудбалерот од средниот ред на Сантош, Лукас Лима

Шпанија

Барселона се уште нема договорено ниту едно засилување за новиот тренер Ернесто Валверде, но познато е кој прв ќе пристигне во зимскиот преоден рок.

Медиумите од Бразил пренесуваат дека офанзивниот фудбалер од средниот ред на Сантош, Лукас Лима се сели на Камп Ноу.

Како што пишува реномираниот Глобоеспорте, 26 годишниот Бразилец ова го соопштил сред партија покер со Нејмар.

Лукас Лима е под договор со Сантош до 31. декември, и како слободен играч ќе се пресели во Барса на стартот од следната година.

И покрај тоа што тој пред 1. јули официјално не може да потпише пред-договор, веќе е позната и неговата плата на Камп Ноу.

Лукас Лима ќе заработува 4 милиони евра по сезона, а ќе добие и бонус од 5 милиони евра, сума која ќе биде распределена во текот на петте години од договорот.