24фудбал

Зидан го убедувал Мбапе за преселба во Мадрид, еве што му ветил тренерот на својот сонародник

Реномираниот француски весник Лекип пишува дека Зинедин Зидан имал средба со младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе во обид лично да го убеди да се пресели на Сантијаго Бернабеу

Шпанија

18 годишниот Французин е на врвот на листата со желби на „Кралевите“ и се споменува дека шампионот на Шпанија е подготвен да плати и преку 130 милиони евра за ангажман на Килијан Мбапе.

Но покрај тоа што Монако нема лесно да се откаже од својата млада ѕвезда, проблем е и тоа што напаѓачот сака голема минутажа и редовен настап за да продолжи да бележи прогрес.

Во моментов, во форот на нападот на Реал Мадрид недопирливо е триото „ББЦ“, па Килијан Мбапе стравува дека ќе нема доволна минутажа поради големата конкуренција.

Па затоа на сцена стапил Зинден Зидан, реномираниот француски весник Лекип пренесува дека тренерот на Реал лично разговарал со својот сонаордник.

Предводникот на „Кралевите“ му ветил на Килијан Мбапе дека ќе има солидна минутажа доколку пристигне на Бернабеу.

Зинедин Зидан исто така му порачал на Килијан Мбапе дека ќе го направи светска ѕвезда.

Останува да се види како Зинедин Зидан ќе ги убеди Роанлдо, Бејл и Бензема на ротации и помала минутажа, а Лекип говори дека тренерот дури е подготвен и да се раздели со една од ѕвездите за да се отвори простор за Килијан Мбапе.