24фудбал

Арената „Филип Втори“ не е подготвена за дуелот помеѓу Реал и Јунајтед!

Владата на Република Македонија соопшти дека се констатирани сериозни пропусти во реализацијата на превзементи обврски за одржување на Суперкупот на УЕФА на Арената „Филип Втори“

Македонија

Скопје на 8. август треба да биде домаќин на пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но подготовките за овој спектакл не одат според планот.

Владата на Република Македонија вчера во вечерните часови соопшти дека се константирани сериозни пропусти во реализацијата на превзементи обврски за одржување на Суперкупот на УЕФА на Арената „Филип Втори“.

Па веднаш е реагирано и задолжен е Генералниот секретаријат, во соработката со другите надлежни министрества во рок од три дена да се превземат сите потребни мерки за да се одржи Суперкупот на УЕФА.

„На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА. Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“ - гласи соопштението.