24фудбал

Барди влеа надеж за подобро второ полувреме на Македонија (ВИДЕО)

Избраниците на Благоја Милевски мака мачеа како да погодат против Португалија која делува моќно на дуелот во Гдиња, се до одличниот погодок на Барди.

Македонија

Македонија има негатива од 1-2 по првите 45 минути игра на дуелот против Португалија во мечот од третото коло од групата „Б“ од Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

Нашата селекција мошне лошо го почна мечот, Португалија уште во втората минута при првата посериозна шанса поведе со 0-1 со погодокот на Едгар Ле со глава по нафрлена топка од корнер ситуација.


Edgar Ié Goal HD - Macedonia U21 0-1 Portugal...by riqezi

Следеше одговор на нашите надежи кои веднаш возвратија, но само со прилика, Радески пет минути подоцна упати силен удар кон противничкиот гол, но истиот беше блокиран.

Бекот Попзлатанов имаше голема работа на десната страна, и двете корнер ситуации во почетната фаза дојдоа од негова страна.

Во 11. минута Барди биеше од далечина но неговиот удар беше одбранет, седум минути потоа Пасиенсија имаше шанса да го дуплира водството на Португалија но на наша среќа дефанзивната линија реагираше правовремено.

Португалците преку Брума дојдоа до водство од 2-0 со голот на Брума во 22. минута, нашиот противник можеше и до поголема разлика, но шансите на Пасиенсија и Невес во продолжението беа спречени.


Bruma Goal HD - FYR Macedonia U21 0-2 Portugal...by riqezi

Како во првиот, така и во вториот гол, и неколкуте шанси, мошне проблематична се покажува нашата десна страна каде нашиот противник е мошне опасен во почетната фаза.

По ова, веднаш реагираше селекторот на Македонија, Благоја Милевски, од игра го извади офанзивецот Марјан Радески, на негово место влезе Висар Муслиу кој ќе ја засили одбраната во продолжението од мечот во Гдиња.

Со мајсторијата на Барди на четири минути пред истекот на регуларните 45 минути игра во првиот дел, Македонија намали на 2-1.


Enis Bardhi Goal HD - FYR Macedonia U21 1-2...by lovefotball

Како што најави, селекторот Благоја Милевски со изменет состав почна против Португалија, шанса добија голманот Дамјан Шишковски и дефанзивецот Јован Попзлатанов кои за прв пат ќе го почувствуваат турнирот во Полска на теренот.

Графички приказ: UEFA U21 EURO (Twitter)

Македонија: Шишковски, Попзлатанов, Зајков (капитен), Барди, Николов, Радески (Муслиу 28'), Бабунски, Бејтулаи, Ангелов, Мурати и Ѓорѓев.

Португалија: Варела, Кансело, Едгар, Фигуиредо (капитен), Невес, Поденсе, Пасиенсиа, Медеирош, Ребохо (Родригез 17’), Санчез и Брума.

 

Графички приказ: UEFA U21 EURO (Twitter)

Мечот во Гдиња на истоимената арена го суди словакот Иван Кружлиак.

 




Фото: UEFA U21 EURO (Twitter)

 

Фото-вест: uefa.com