24фудбал

Нововлезените ја прават разликата: Џокерот Маркоски возврати на довербата со гол! (ВИДЕО)

Џокерот на Милевски за момент ги затрепери срцата на Португалците кои мака мачат како до поголема победа против Македонија.

Македонија

Избраниците на Благоја Милевски со голот на Кире Маркоски намалија на 3-2 во дуелот со Португалија во третото и последно коло од групата „Б“ на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

Со голот на Маркоски во 80. минута, Португалија ќе ги спакува куферите со оглед на тоа што бркаше висока победа против нашата селекција за да ја мине Словачка на табелата на најдобро второпласираните селекции од групите, место кое води во полуфиналето.


Впечатокот е дека нововлезените Елмас и Маркоски во вториот дел внесоа свежина и голема разлика во играта на нашата селекција која во првиот дел имаше негатива од 2-1, по погодокот на Барди.