24фудбал

Барди: Дадовме се од себе, покажавме дека знаеме да играме добар фудбал!

Еден од најдобрите млади фудбалери на Македонија го сумираше впечатокот од Полска веднаш по мечот со Португалија.

Македонија

Македонија со поразот од 4-2 од Португалија го заврши историскиот настап на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година, по одигрувањето на третото коло во групата „Б“.

Со овој резултат, Португалија ги спакува куферите, иако бркаше победа со повисока гол разлика за да ја мине Словачка на табелата во групата на најдобро второпласирани селекции, место кое водеше во полуфиналето на турнирот во Полска.

ОВАЦИИ ЗА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТ ПО МЕЧОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

Барди и Маркоски со двата гола ги срушија надежите на Португалците и им ги спакуваа куферите. За Енис Барди ова беше втор гол во Полска, по оној против Србија, за него ова беше одличен настап на нашата селекција.

Готово е, но ние сме среќни како одигравме. Направивме се што можевме. Среќни сме поради првиот настап што го забележавме и покажавме дека знаеме да играме добар фудбал“ изјави Енис Барди по мечот во Гдиња.

Македонија загуби, но и ги „спакува куферите“ на Португалија (ВИДЕО)

 

Извор/Фото-вест: uefa.com