24фудбал

Милевски: Македонијо, биди горда со овие херои!

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација задоволен од изданието на своите фудбалери на турнирот во Полска, упати честитки до сите негови избраници.

Македонија

Македонија со поразот од 4-2 од Португалија го заврши историскиот настап на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година, по одигрувањето на третото коло во групата „Б“.

По мечот со Португалија, селекторот на Македонија, Благоја Милевски не ги криеше своите импресии од прикажаното на нашите млади фудбалери, за кои истакна дека нивната пожртвуваност е доказ како треба да се бранат боите на својата репрезентација.

Би сакал да им честитам на моите фудбалери кои дадоа 100% од себе на овој натпревар им благодарам на сите. На турнирот во Полска покажаа како треба да се бранат боите на својата држава. Македонија дојде овде да игра убав фудбал и да биде добар противник покрај квалитетите на Шпанија, Србија и Португалија, мораме да бидеме горди на сето тоа што го прикажавме на турнирот“ издвои Милевски по мечот со Португалија.


Овие момци покажаа како се игра фудбал. Моите колеги од стручниот штаб покажаа како се работи тимски. Верувам во иднината на Македонија, верувам дека ќе бидеме редовен учесник на големите натпреварувања. Моите фудбалери немаа искуство од големи натпревари, поради клубовите каде настапуваат, нашиот противник има фудбалери кои редовно играат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, доколку моите фудбалери го имаа тоа искуство мислам дека ќе бевме дури и подобри. Тешко беше да се играат три натпревари во еден толку краток период“ заврши Милевски во своето обраќање а притоа беше поздравен со аплауз од македонските новинари во прес-центарот.

Барди: Дадовме се од себе, покажавме дека знаеме да играме добар фудбал!

Со исходот од мечот во Гдиња, намерата на Португалија да брка победа со повисока гол разлика за да ја мине Словачка на табелата во групата на најдобро второпласирани селекции, место кое водеше во полуфиналето на турнирот во Полска, не и успеа.

 

Извор/Фото: uefa.com