24фудбал

Специјално издание на „Јутарњи“ за Аријан Адеми: Работи како луд, тренира само фудбал и кик-бокс, пука од сила!

„Јутарњи“ пишуваше на тема „Аријан Адеми“, нашиот фудбалер се враќа посилен од било кога, тој се подготвува максимално за големото враќање на терените.

Македонија

Мошне влијателниот медиум во хрватска „Јутарњи“ денес излезе со специјално издание за нашиот фудбалер Аријан Адеми, инаку член на Динамо Загреб. Познато е дека хрватскиот тим во изминатите две години се покажа доста фер и коректен, барем повеќе од тоа, ако се земе во предвид како би реагирале други клубови во вакви ситуации.

Гигантот од Хрватска отиде до таму што дури и му ја остави целосната плата (на годишно ниво околу 450.000 евра) на нашиот репрезентативец, реши да не го раскинува договорот и целосно застана со поддршка зад него.

Се бројат деновите на враќањето на Адеми, на 7. октомври тој ќе го обави тренингот со првата екипа на Динамо Загреб, прв пат после подолг период на „Максимир“, она што е интересно, можно е денот да се поклопи со понеделник, кога во Загреб се среќаваат Динамо и Хајдук во големото дерби“ пишува „Јутарњи“.

Адеми во изјава за хрватските медиуми своевремено најави дека пред првиот тренинг со екипата нема да дава никакви изјави во јавноста, бидејќи немало никаква потреба од тоа.


Реков се што имав, следниот пат сакам да говорам на теренот, нема потреба од давање некакви помпезни изјави и најави, а потоа да испадне спротивното. Ќе се подготвам максимално“ истакна тогаш Адеми.

Човекот работи како луд, тренира четири до пет часа дневно, само фудбалот му е во паметот“ – открива близок пријател на Адеми во изјава за „Јутарњи“ кој додава дека никој од луѓето околу него не се сомневаат дека ќе се врати физички многу посилен од било кога досега.


Јутарњи пишува за една мошне интересна варијанта, која секако дека може да се оствари.

Замислете ваков крај на сагата: Првиот натпревар кој го игра Адеми по суспензијата – Арсенал на „Максимир“. Противник против кого падна на допинг, па потоа ги слушаше и навредите и понижувањата од Арсен Венгер, кој се „спушти“ во Европа Лигата и би можел да биде противникот на Динамо Загреб во групната фаза, доколку нашиот претставник избори пласман“ пишува хрватскиот медиум.

Како што е познато, Арбитражниот спортски суд во Лозана го објави официјалното образложение пред три месеци, во кое беше донесена одлуката за нашиот фудбалер.

Адеми беше суспендиран на четири години поради користење на недозволена супстанца, но по жалбата која беше испратена доби намалување на казната на две години.

Суспензијата завршува на 7 октомври годинава, а истата почна во 2015. година во септември.


Извор/Фото: sportske.jutarnji.hr