24фудбал

Големото промашување на Србија против Шпанија (ВИДЕО)

Го имаме можеби најголемото промашување на Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое се одржува во Полска, истото доаѓа од групата „Б“ каде беше сместена и нашата селекција.

Останато

Младата фудбалска репрезентација на Шпанија со минималниот триумф од 1-0 против Србија во синоќешниот меч стигна до третата победа во групата „Б“, за максимални 9 бода од оваа фаза на турнирот, но, на мечот во Бидгошч се можеше да биде поинаку уште во првите неколку минути.

Уште во почетната фаза на мечот, поточно во 4. минута при една нафрлена топка од корнер, дефанзивецот Милош Вељковиќ не успеа да погоди во мрежата од голот на Шпанија, по една ситуација од која ретко се промашува.

Шпанија со голот на Денис Суарез во 38. минута дојде до водство од 1-0 и го задржа до крајот на мечот, по што избори место во најдобрите четири екипи на турнирот во Полска.