24фудбал

Мексико ја елиминираше Русија од Купот на конфедерации (ВИДЕО)

Мексико со 2-1 ја победи Русија и се пласираше во полуфиналето од Купот на конфедерации, каде што ќе биде и Португалија која денеска убедливо со 4-0 го совлада Нов Зеланд.

Останато

Мексико го доби директниот дуел со Русија за пласман во полуфиналето, домаќинот го заврши Купот на конфедерациите уште во групната фаза од натпреварувањето.

Мечот почна одлично за Русија, во 25. минута со гол на Самедов поведоа со 1-0, во тие моменти тие беа патникот меѓу четирите најдобри.

Но, радоста траеше само пет минути кога Араухо изедначи на 1-1, Русија мораше да брка победа, на Мексико му одговараше и реми.

Течеше седмата минута од второто полувреме кога Лозано искористи едно истрчување на Акинфеев и со глава направи комплетен пресврт и донесе победа од 2-1.

За ситуацијата за Русија да биде уште потешка се погрижи Жирков кој во 68. минута сосема непотребно удри противнички играч со лакт и заработи втор жолт картон.

Португалија немаше проблем против Нов Зеланд, победи со 4-0 и го освои првото место во групата А.

Серијата ја отвори Роналдо во 33. минута од пенал, четири минути подоцна Бернанрдо Силва го зголеми водството на 2-0.

Во второто полувреме голови постигнаа и Андре Силва и Нани за конечни 4-0.