24фудбал

Македонија на 12. место го заврши Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го заврши Европското првенство на последното, 12. место.

Македонија

По денешните последени натпревари на европскиот шампионат, познат е и редоследот на репрезентациите од петтото до дванаесетото место.

Дали Македонија ќе биде претпоследна или последна зависеше од натпреварот помеѓу Данска и Чешка. Данците победија, ги освоија првите три бода, а тоа значеше и последно место за нашата репрезентација.

Европското првенство го завршивме со еден бод, колку што освои и домаќинот Полска, но тие имаат подобра гол разлика.

И покрај пласманот на последната позиција, впечатокот од настапот на Македонија на Европското првенство е позитивен.