24фудбал

Дефанзивецот на Јуве му кажал ДА на Челси, на повидок рекорден трансфер

Медиумите од Италија пренесуваат за нов рекорден трансфер кога е во прашање еден дефанзивец, Челси е на чекор до ангажман на Алекс Сандро од Јувентус

Англија

Минатата недела, првиот човек на „Старата Дама“, Бепе Марота потврди дека пристигнала богата понуда за услугите на левиот бек, но пораче дека играчот нема да биде продаден освен доколку не побара трансфер.

Гласините велеа дека Јувентус на маса имал понуда од Челси вредна 60 милиони евра.

Според Газета дело Спорт, „Сините“ сега се вратиле со нов предлог вреден помеѓу 65 и 70 милиони евра (57,1 и 61,5 милиони фунти).

Кориере дела Сера пак пренесува дека Алекс Сандро му кажал ДА на Челси, па Јувентус ќе даде зелено светло.

Доколку се реализираат ваквите најави, Бразилецот ќе стане најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот.

Претходно овој рекорд му припаѓаше на Давид Луиз, кој од Челси во ПСЖ се пресели на 50 милиони фунти.

Во меѓувреме, се шпекулира дека Алекс Сандро не е единствениот играч од Јувентус кој би можел да се пресели на Стемфорд Бриџ.

Антонио Конте го сака и Леонардо Бонучи, за кого Челси нуди околу 50 милиони евра.