24фудбал

Чиле не дозволи изненадување и закажа дуел со Португалија (ВИДЕО)

Австралија беше на добар пат да го шокира Чиле, но шампионот на Јужна Америка не дозволи изненадување и закажа дуел со Португалија

Останато

Заврши групната фаза на Купот на Конфедерации, Чиле и Германија се последните патници во полуфиналето.

Чиле одигра 1-1 против Австралија за второто место во Групата Б и пресметка со европскиот шампион Португалија.

Троиси погоди во 42. минута за водство на „Кенгурите“ и најави можно изненадување.

Сепак, во вториот дел работите на свое место ги постави Родригез.

Германија со победа од 3-1 над Камерун го обезбеди првото место и за противник го доби Мексико.

Откако мрежите мируваа по првите 45 минута, Демирбај погоди на стартот од вториот дел за водство на „Панцирите“.

Вернер зголеми на 2-0 во 66. минута, а Абубакар намали на 2-1 во 78. минута.

Вернер со својот втор гол го постави конечниот резултат од 3-1.