24фудбал

Според „Скај Спортс“ Барди е меѓу десетте најимпресивни фудбалери на ЕП во Полска!

Еден од главните спортски медиуми во светот „Скај Спортс“ го смести Барди меѓу десетте фудбалери кои импресионирале на Европското првенство во Полска.

Македонија

Барди беше најдобриот македонски фудбалер на Европското првенство, но и еден од најимпресивните воопшто на шампионатот.

Статистиката вели дека Македонецот има најмногу шутеви кон голот во групната фаза, 13. Два од нив завршија во мрежите на противниците, а неколку со крајни напори успеваа да скротат противничките голмани.

Реномираниот „Скај Спортс“ го смести Барди меѓу десетте играчи кои најмногу импресионирале на Европското младинско првенство. Новинарот на овој медиум вели дека ќе биде зачуден ако нашиот фудбалер и следната сезона го носи дресот на Ујпешт.

„Еден од помалку познатите играчи на турнирот кој веројатно ги импресионирал скаутите е Енис Барди. Оние кои го познаваат унгарското првенство, беа помалку изненадени од неговите добри перформанси бидејќи Македонецот имаше 13 голови и седум асистенции за Ујпешт оваа сезона. Во квалификациите пропушти само 92 минути (од можни 900) и неговиот квалитет со топка и слободни удари беа импресивни на турнирот. Неговата прецизност заедно со техниката за изведување слободни удари го прави опасен за противникот кога ќе дојде во последната третина од теренот. Неговиот гол против Португалија е доказ за неговата одлична техника. Недостатокот на физички и природен атлетизам можеби би бил дискутабилен за скаутите, но јас би бил изненаден и следната сезона да го видам во дресот на Ујпешт“ - вели новинарот на „Скај Спортс“.