24фудбал

Второ засилување од Бундеслигата, Милан го носи плејмејкерот на Баер

Медиумите од Италија и Германија пишуваат дека „Росонерите“ се на чекор до ангажман на фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу

Италија

Милан продолжува да работи забрзано на трансфер пазарот, откако веќе договори четири засилувања, на добар пат е да ангажира ново име.

Медиумите од Италија и Германија пренесуваат дека „Росонерите“ се блиску до ангажман на плејмејкерот на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу.

Репрезентативецот на Турција веќе им кажал ДА на „Росонерите“ и Милан сега треба да пронајде заеднички јазик со „Фармацевтите“.

Се шпекулира со сума помеѓу 20 и 30 милиони евра за 23 годишниот фудбалер од средниот ред.

„Остварен е контакт со Милан“ – вели агентот на Чалханоглу, Бекташ Демирташ. „Милан е еден од најголемите клубови во Европа.

„Но во моментов не можам да ви откривам за што разговаравме.